Оваа сезона повеќе питачи од лани

Зголемен е бројот на питачи оваа летна сезона. Стручни екипи од ЦСР од Охрид секојдневно откривале и вршеле превентивни разговори со лицата кои ги затекнуваат на улица како питаат. Но од таму немаат увид за состојбата, како доаѓаат лицата во нашиот туристички бисер, организирано или не, каде се сместени, бидејќи тоа било работа на полицијата.

 |  Николоска Биљана  | 

Кои се семејствата кои привремено престојуваат на дел од дивите охридските плажи, надлежните без конкретен одговор. ТВМ пред една недела информираше дека во близина на хотелот Магнус во Охрид, неколку ромски семејства ноќеваат во У.З, Даљан. Реакцијата пристигна од мештаните на оваа задница кои укажаа на низа според нив незаконски појави кои се случуваат во тој дел од градот. Според жители на Воска, станувало збор пред се за ромски семејства, кои најверојатно се од Битола и доаѓаат со почетокот на сезоната околу 1 ви мај, а многумина од нив можело да се забележат во централното градско јадро, како питачат. Надлежните од Центарот за Социјална работа од Охрид велат дека ги преземаат сите потребни мерки кои се во нивна надлежност. Додадваат дека во таа насока посебно во летниот период имаат ангажирано лице специјално за проблемот за откривање на питачи.

„Лицето врши патролирање низ градов претпладне и попладне и обавува разговори со децата кои питачат кои најчесто се во придружба со родител…ги известува за питачењето дека не е дозволено за последиците кои ги можат сносат родителите кои ги носат децата да питачат и исто така лицето е достапно 24 часа на службите на МВР. Потребни се лични податоци а нив може да ги обезбеди само МВР, така да ние мора да соработуваме со нив, но и МВР се соочува со проблеми да некои од нив не се евидентирани, регистрирани или фантом деца“

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вели дека и полициските службеници согласно законските прописи преземале низа активности и ги применувале нивните овластувања на терен.

„Факт е дека во летниот период имаме посебно луѓе кои питачат во централното градско подрачје, во периферните делови имаат одредено т.н. сместување, но, она што е примарно исто така полициските службеници преземаат мерки и во оваа насока. По пријава и по лично забележување се повикуваат лицата во СВР Охрид и понатака се преземаат мерки со ЦСР и во соработка со останатите инспекциски служби се преземаат мерки“

За проблемот со лицата кои на лето доаѓаат во Охрид со цел да питачат, одговор не добивме само од општинскиот инспекторат, во врска со тоа дали има инспекторатот некакви ингеренции, доколку ги има кои се.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top