Квалитетот на живеење во Македонија на последно место во Европа

Квалитетот на живот се мери со 44 различни индикатори

 |  инфодеск  | 

Консултантската фирма за глобален менаџмент Бостон консалтинг груп во својот извештај за 2016 година ја рангира Македонија на последното место според одржливиот квалитет на живеење.

Одржливиот квалитет на живот се мери со 44 различни индикатори, меѓу кои се: БДП по глава на жител, стапката на невработеност, инфлацијата, распространетоста на болестите, очекуваниот животен век, квалитетот и достапноста на образованието, квалитетот на инфраструктурата, состојбата на животната средина, контролата на корупцијата и слободата на печатот.

Македонија е најлоша во Европа со оценка 42,9, а малку пред неа се Црна Гора со 43,3 и Молдавија со 44,5.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top