Завод за статистика: просечната нето плата во Македонија за месец мај 363 евра

Во мај годинава 1,5 % од вработените во Република Македонија воопшто не примиле плата

 |  инфодеск  | 

Просечната месечна нето-плата по вработен се зголемила за 1,1 % минатиот месец во споредба со мај минатата година и изнесува 363 евра, пресмета Државниот завод за статистика.

Бруто платата по вработен за мај месец изнесува 532 евра. Иако е тоа зголемување во споредба со истиот период лани, просечната нето плата е намалена во споредба со минатиот месец за 0,1 %.

Во мај е забележано зголемување на просечната месечна нето-плата во секторите градежништво за 8,7%, административни и помошни услужни дејности за 7,6 %, земјоделство, шумарство и рибарство за 5,7 %.

Највисоки плати земаат вработените во секторот финансиски дејности каде просечната плата е речиси 40.000 денари, вработените во фармацевската индустрија со просечна плата од 42.000 денари, и во воздухопловен транспорт со 47.000 денари. Најниски, пак, во секторот рибарството и во производството на кожа со просечна плата од 11.000 денари.

Според друг извештај на државните статичари македонските граѓани се најпогодени во Европа со ризикот од сиромаштија. Речиси половина од населението е подложено на социјална исклученост.

Како особен ризик за сиромаштија и кочница на економски развој, статичарите ја наведуваат долгорочната невработеност. Според Заводот за статистика во изминативе години се забележува тренд на намалување на невработеност, но се уште, велат од таму, стапката на невработеност е значително над просекот во Европа.

Инаку, во мај годинава 1,5 % од вработените во Република Македонија воопшто не примиле плата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top