Се гласа за седум кандидати за претседател, 365 кандидати за градоначалници и околу 700 листи за советници.Во Охрид се гласа на 73 избирачки места, а право на глас имаат 53 893 граѓани.
Вчера гласаа раселените лица, затворениците, болните и немоќните лица. Утрово дел од гласачките места не беа отворени поради непроодност на патиштата. И во општина Дебарца гласањето се одвива нормално. Право на глас имаат 5.533 лица. На територијата на општина Струга до пладне, на гласање излегле околу 12 отсто од граѓаните.Инаку овие избори ги следат досега најголем број на набљудувачи. 6.981 домашни и 524 странски набљудувачи.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град