Бројката на отпуштени работници за синдикатот алармантен ,а за агенцијата за вработување незначителен.
Економската криза чука и на портите од охридските фирми. Кризата во последниот месец и пол ги погоди работниците од ЕМО, АМАК СП, од малите приватни текстилни погони, од трговијата, градежништвото и агроиндустријата.
Од агенцијата за вработување велат дека рецесијата во моментов во охридското стопанство не е изразена. Има отпуштања од работниците, но не во голем број.
И додека бројката на отпуштени работници за агенцијата за вработување е незначителна за синдикатот е алармантна.
Драган Цветаноски пре.на регионален синдикат вели се намалуваат работните места, се прогласуваат технолошки вишоци или се пуштаат на принуден одмор и не земаат плата. Работниците доаѓаат во синдикатот и укажуваат на лошите состојби вели Цветаноски.
Од општинскиот сојуз на синдикати не се задоволни од лошата економска состојба во која се наоѓаат работниците. Драган Цветаноски, претседател на општинскиот синдикат потенцира дека социјален дијалог помеѓу Владата и Синдикатотот во моментов нема. Синдикалците укажуваат од неопходната потреба да профункционира економско- социјалниот совет составен од Владата, Сојузот на работодавачите и синдикатотот додава Цветаноски.
Тој вели иако укажувавме дека со Законот за бруто плати ќе се влоши економската ситуација и дека неговата примена треба постапно да се воведува, Владата не го зеде во предвид нашето размислување. Истото се случи и со донесување на Законот за работни односи вели Цветаноски. Синдикалците сега ќе преземаат активности за да профункционира социјалниот дијалог и да се измени и дополни Законот за работни односи со што ќе се заштитат работниците и нивните права.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град