Оперската дива Елина Гаранча ја крена публиката на нозе

Фестивалското знаме кренато, а фестивалскиот оган запален. Од синоќа започна 56тото издание на фестивалот Охридско лето. Оперската дива Елина Гаранча од Латвија во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет под диригентската палка на маестро Ион Марин од Романија, ја кренаа многубројната публика на нозе.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Синоќа со прекрасните звуци на повеќе арии, оперската дива Елина Гаранча од Латвија го означи почетокот на 56-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Ја придружуваше оркестарот на Македонската опера и балет под диригентската палка на маестро Ион Марин од Романија. Во преполниот Античкиот театар многубројната публика имаше прилика да ужива во беспрекорните изведби на музичките дела од композиторите Глинка, Чајковски, Масне, Сен-Санс, Гуно, Бизе, Чапи, Лара и Пучини. Покровител на фестивалот и оваа година беше претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој го прогласи за отворен. Тој рече дека „Охридско лето“ се одржува во период кога стариот свет умира, а новиот сè уште не е роден.

Во време кога над светот се надвиснати темни облаци, уметноста е како продорен зрак светлина. Овој зрак ја осветлува скриената убавина што извира од длабочината на човековото срце. Истовремено, овој продорен зрак на уметноста нè упатува и кон она што е скриено зад облаците, а тоа е вечниот извор на светлината и животот. Уметноста ја изразува надежта дека бурата ќе мине, облаците ќе се распрснат, ветриштата ќе се смират и дека ќе нè огрее светлината по која копнееме, рече Иванов.

Иванов рече дека речиси шес децении на фестивалските сцени продефилирале  десетина илјади уметници од сите меридијани кои преку своите музички, сценски и ликовни дела нè поттикнувале да бидеме извор на убавината во светот. Диригентот маестро Саша Николовски-Ѓумар со нескриена благодарност и се обрати на публиката испраќајќи ја уметничката порака. Тој посака древниот Охрид да им биде инспирација на сите учесници каква  што му бил и на Климент пред единаесет и пол века.

Навистина неможам докрај да го искажам задоволството што мене ми припадна честа да се обратам во имато на сите уметници. Ние уметниците должни сме да ја пренесеме  музиката како што некогаш се пренесувала нашата писменост на нашите предци а тие на нивните поколенија. А над сите тие слова, за да станат мисла сепак треба да се облагородени со интонација, а истата е музика, порача маестро Ѓумар.

Во наредните четириесет дена колку што трае фестивалот „Охридско лето“ публиката ќе може да проследи преку 50 музички настани, девет театарски претстави, пет изложби и осум филмови од богатата кинематографска ризница на „Вардар филм“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top