Израелскиот амбасадор во РМ, Дан Ориан, денес во посета на Охрид и градоначалникот Никола Бакрачески. Многу заеднички проекти се планира да се реализираат во иднина, а пред се ќе се стави акцент на развојот на здравствениот туризам. На денешната средба меѓу другото се разговарало и за заедничките активности на израелската амбасада и општина Охрид околу реализацијата на настапот на младата актерска група Кармелим која вечерва има свој настап во рамките на Охридско лето.
Градоначалникот Никола Бакрачески денес оствари работна, но и пријателска средба со израелскиот амбасадор во РМ, Дан Ориан. Се разговарало на повеќе теми кои се од заеднички интерес, но пред се се ставил акцент на развојот на образованието и на туризмот. Договорено било неколку израелски туроператори и новинари да го посетат Охрид и да пишуваат за него и неговите природни и културни убавини, како би се привлекле гости од оваа далечна земја. Ваквата посета би се организирала кон крајот на септември или почетокот на октомври. Станало збор и за развој на здравствениот туризам во градов и можностите кои тој ги нуди.
Претпоставувам дека за скоро време претставници од општина Охрид ќе посетат некои здравствени институции во Израел, а со нивниот менаџерски тим ќе се разговара за можностите градов да инвестира во здравствениот туризам земајќи ги во предвид погодните климатски услови кои ги нуди, вели Бакрачески.
Израелскиот амбасадор кажа дека соработката со Охрид трае веќе две години и секогаш тој со задоволство доаѓа во посета на нашиот град со кој очекува во иднина да се продлабочат односите во повеќе области.
Охрид е толку прекрасен, едно толку посебно место и секогаш кога се враќам тука се чуствувам како да сум дома. Се радувам што градоначалникот и неговите луѓе прават напори навистина да се чуствувам како да сум дома и успеваат во тоа. И секогаш кога заминувам, размислувам кога можам повторно да се вратам и да запливам уште еднаш во прекрасното езеро, па дури и направив и неколку скокови во езерото што ќе имате можност да видите на некоја од националните телевизии, чуството е прекрасно морам да речам, моментот го овековечи еден од пијанистите и еден од новинарите, рече амбасадорот.
На денешната средба меѓу другото се разговарало и за заедничките активности на израелската амбасада и општина Охрид околу реализацијата на настапот на младата актерска група Кармелим која вечерва има свој настап во рамките на Охридско лето. И градоначалникот и амбасадорот констатираа дека културата е таа што најмногу ги спојува народите и затоа треба да се негува и поддржува. Соработката помеѓу градот Охрид и израелските општини ќе се развива и продлабочува и во иднина.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град