Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ, а ќе важат следните две седмици
Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва бензините и дизелот поевтинуваат!.
Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и дизелот се намалуваат во просек за 0.81 проценти.
Тоа значи дека од вечерва на полноќ цената на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 2 денари односно 1.5 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 61.00 односно 63.00 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 0.5 денари и еден литар ќе чини 49 денари.
Како што напоменавме, новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ, а ќе важат следните две седмици.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град