Приватното Средно училиште Јахја Кемал по трет пат домаќин на регионална еколошка олимпијада.
Презентирани беа 19 проекти од повеќе училишта од Македонија.
„Доколку добиеме дозвола од управата на Јахја Кемал, сакаме оваа олимпијада да ја направиме балканска или меѓународна, вели дирекроторот на Јахја Кемал , Струга, Јусуф Шари.
ПСУ,Јахја Кемал по трет пат,организира регионална олимпијада по екологија.Учениците од повеќе училишта,од Демир Хисар,Битола,Расен,Охрид,Струга,Дебар претсавивија 19 проеки. Секоја екипа,имаше најмалку по двајца ученици кои ја бранеа својата тема од областа- екологија. О.У Св. Климент Охридски, од Охрид на годинешната олимпијада се претатви со макета на Стаклена градина.
Ученците од О.У Браќа Миладиновски изработија проект „Загадувањето со фосфор најсериозна закана за олиготрофната состојба на Охридското езерто“. Фисфорот е е закана за Охридското езеро, затоа што директно влијае врз најбитните ендемични видови риби, пастрмката, Белвица и плашицата, вели ученикот Нестороски Милко.
Учениците од ОУ Григор Прличев,го претставија своето истражување, За загадувањето на Охридскот езеро преку велгошка река.
Вештачиот мрест на Охридската пастрмка беше тема на проектот „Заштита на Охридската пастрмка и наше учество во нејзината заштита, изработен од ученици од Оу Григор Прличев.
Учениците беа наградувани во три катагории. За научност, оргиналност и презентација. „Видовме дека учениците се добро подготвени.Секоја година има се подобри проекти и тоа ја отежнува работата на комисијата, вели директорот Шари.
На третата регионалан олимпијада на еколошки проекти, во категоријата оргиналност првото место му припадна на ОУ,Нури мазари од Делогожда, втората награда ОУ Св Климнет охридски , а третата награда во оваа категорија за ОУ Гоце Делчев од Демир хисар. Во категоријата научност првото место го освоија учениците од ОУ григор прличев, второто од ОУ СВ Климент охридски од Битола, а третото ОУ Стов наумов од Битола. И во категоријата презентација првото место го овои ОУ ДР. Трифун паноски – Битола, второто ОУ Саид најдени од дебар, а третото ОУ Кузман Јосифоски питу од Кичево.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град