Во центарот на Струга попладнево избувна голем пожар

Во центарот на Струга попладнево избувна голем пожар. Изгореа три страи куќи,а за четвртата и петтата се прават напори да бидат спасени. За среќа нема повредени ниту човечки жртви.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Во центарот на Струга, зад хотел Београд, попладнево избувна голем пожар . Огнената стихија која брзо се ширела зафатила пет куќи-лепенки. Според најновите информации кои ги добивме од командирот на ТО Струга Минир Мамуди во пожарот целосно изгореле три од објектите, а пожарникарите се борат да ги спасат целосно да не изгорат четвртата и петтата куќа. Според Мамуди нема повредени лица бидејќи трите куќи биле ненаселени, а оние кои живееле во четвртата и петтта лепенка навреме биле евакуирани. Во гаснењето на пожарот со три возила  учествуваат и екипи од охридската Противпожарна служба. Пожарот е локализиран и ставен под контрола. Допрва ќе се утврдуваат причините за неговото настанување.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top