Пристигна втората смена на Училишниот спортски камп во Охрид.
Во Охрид пристигна втората смена од најуспешните спорсти кои ќе учествуваат на годинешниот Училишен спортски камп. Во втора смена пристигнаа фудбалерите, одбојкарите, велосипедистите, џудистите, борачите и шахистите. Кампот е во организација на Агенцијата за млади и спорти и македонската федерација на училишни спортови.
Училишниот спортски камп се одржува по 7 ми пат , а бројот на ученици е околу 300.
Кампот има за цел да го поддржи развојот на училишните спортови и децата масовно да спортуваат надвор од училишните клупи. Во текот на овие 7 години над 35.000 ученици се вклучиле во училишни спортски федерации.
Учениците спортисти се победници на државни натпревари во училишни спотови и како награда за постигнатите резултати е учетсвото на овој камп. Од година во година кампот станува се помасовен и на младите спортисти им помага да се стекнат со дополнителни знаења и вештини.
Спортистите имаат поддршка и од врвни македонски спортисти од повеќе спортски дисциплини. Во изминативе години агенцијата и владата даваат и финансиска поддршка за најуспешните спортисти. Агенцијата годишно стипендира 500 најуспешни спортисти до 20 години.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град