Ќе се плаќа надоместок за поставување на инсталации на патот, патниот и заштитниот појас, прекумерно користење на патот и вонреден превоз. Оваа одлука беше усвоена на последната седница на Советот на општина Охрид, меѓутоа, истата не прецизира како ќе се извршува наплатата на влез на туристичките автобуси и од кое место ќе се врши истата, реагираа дел од советниците од опозицијата.
Со амин на Охридскиот Совет висината на надоместокот за поставување на разни комунални инсталации во трупот на патот изнесува 15 % од вредноста на техничкото решение на инсталацијата. Дел од советниците ги кажаа своите забелешки во врска оваа одлука, која според нив, дава можност општинската јавна администрација селективно да ја извршува истата. Дејан Блажески од ЛДП посебно се осврна на надоместокот за прекумерно користење на пат.
„Ова значи едно тивко крадење на граѓаните и полнење на буџетот и јас не сум против, но сум со издржани и прецизирани одлуки, за да не даваме после на службите кога граѓаните ќе поднесат барање за прекумерен превоз итн на слободната волја на некој административец да си тумачи како што тој сака и ќе се судираме “ – вели Блажески.
За економскиот аспект од донесувањето на Одлуката на надоместок за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас, прекумерно користење на патот и вонреден превоз, се произнесе и Јоне Станкоски од ВМРО – НП.
„Општина Охрид, незнам…..10, 15, 20 одобренија за градба на годишно ниво дава? И сега наместо ние да стимулираме со оглед дека буџетот е празен, ние дополнително на оние кои што ќе се јават како инвеститори, барем за индивидуални станбени куќи, да го олесниме начинот како да се стимулира градбата ние дополнително ги оптеретуваме со давачки инвеститорите или граѓаните на општина Охрид“ – изјави Станкоски.
Наспроти ваквите забелешки на дел од опозициските советници, Томе Змејкоски од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, тврди дека оваа одлука е збир на сите досегашни одлуки донесени од советот само што сега се тоа било во една одлука.
„Со оваа одлука се намалуваат цените на корисниците кои ќе ги користат овие услуги а не се наголемуваат. За туристичките агенции лани исто имавме состанок, по барање нивно беше, автобусите да качуваат и слегуваат патници на кружното на кејот и затоа дозволивме да си добијат дозвола за кој автобус во кој ден ќе дојдит да слезит и качит патници“ – појаснува Змејкоски.
Дебатата околу одлуката на надоместок за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас, прекумерно користење на патот и вонреден превоз, не даде одговор на многу дилеми, прашања и проблеми кои ги изнесоа охридските советници, но сепак истата ќе се спроведува.
Дебатата околу одлуката на надоместок за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас, прекумерно користење на патот и вонреден превоз, не даде одговор на многу дилеми, прашања и проблеми кои ги изнесоа охридските советници, но сепак истата ќе се спроведува.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град