Во сите средни училишта во Охрид има слободни места за упис

Во сите охридски средни училишта сеуште има слободни места за упис на полуматурантите. Има места дури и во атрактивните насоки, информираат директорите на средните училишта. Понеделник 4 ти јули е втората шанса за досега не запишаните ученици.

 |  Николоска Биљана  | 

 

По првото пријавување од јунскиот рок за упис во средните училчишта во Охрид останаа слободни места во сите училишта. Вообичаено најголем интерес има за гимназиското образование по што следуваат медицинското, економското училиште и за електро струката во областа компјутерска техника. Директорката на Средно општинско стручно училиште „Св Кирил и Методиј“, Славица Костоска информираше дека во економската струка останале 104 празни места, профил економски техничар за 4 паралелки и здравствена струка профил медицинска сестра слободни 15 места за формирање на една паралелка

„Учениците како услов за упис во прва година треба да ги носат сведителствата од 6 то до 9 то одделение, извод на родени и да го исполнуваат пропишаниот минимум за овој уписен рок тоа е 70 бодови за здравстверна стука и 60 поени за економско- правна и трговска струка. Во августовскиот рок ќе имаме уште едно пријавување тогаш за економската струка ќе имаме и намалување на поените “ .

Костоска обелоденува дека во учебната 2016 – 2017 година очекуваат воведување и на новина во образовниот процес, која се однесува на практичната работа.

„Имаме тренд на учење преку работа. Праксата за здравствена струка уредно се извршува во ЈЗУ Општа болница Охрид, а аплициравме за добивање гранд за формирање на реална компанија се надеваме дека следната учебна година ќе можеме да стартуваме со економско – правна и трговска струка преку работа на учениците, вклучување во реална компанија“ – вели Костоска.

Инаку во Охридската гимназија „Св Климент Охридски“ има 131 слободно место, а во ЕМУЦ „Св Наум Охридски“ во сите образовни профили има слободни места. Како што информираа од таму најголем интерес од страна на полуматурантите имало за насоката компјутерски техники која е во рамки на електро струката. За разлика од минатото кога уште во првиот уписен рок беа пополнети слободните места, годинава во Охрид слободни места има во сите средни училишта.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top