Пуштен во употреба новиот пат во населба Рача

До вчера непроодниот и тешко пристапен пат Рача – Кромидишта, денес има нов и квалитетен асфалт. И покрај специфичноста на теренот која налагала голем дел од зафатите да се изведуваат рачно, без механизација, за нецели 3 месеци проектот успешно е реализиран, вели Градоначалникот Бакрачески.

 |  Николоска Биљана  | 

Пуштен во употреба новиот пат во населба Рача. За нецели три месеци Локалната самоуправа на Охрид и градоначалникот Никола Бакрачески успешно го реализираа овој значаен проект односно изведоа градежни зафати за асфалтирање на 900 метри од патот Рача – Кромидишта. Градоначалникот Бакрачески задоволен од сработеното, посебно од причина што првично овој проект задавал дилеми во стручната јавност кои што се занимаваат со изградба и реконструкција на патишта, но и кај службите во Локалната самоуправа поради специфичноста на теренот.

„Се работеше по многу непристапен и стрмен терен, голем дел од работите беа изведени рачно, без употреба на градежна механизација, таа се упртреби онаму каде што имаше можност. Станува збор за употреба на високолвалитетен асфалт на поедини места се реконструирани и банкините, се на се, имаме еден успешен проект кој ги задоволува барањата на месното население“ – вели Бакрачески.

Мештаните на Рача задоволни што поселе 5 децении за прв пат добија асфалтиран пат од Рача до Кромидишта. Игор Дулески, член на месната заедница истакна дека долги години им било ветувано дека ќе го асфалтираат овој потег и денес конечно дочекале благодарение на заложбите а актуелниот градоначалник Бакрачески.

„Голема благодарност до локалната власт до градоначалникот Бакрачески кој што ни излезе во пресрет на ова наше барање, кое што ни беше ветено пред три години, конечно се реши во краток период и немаме зборови, продолжуваме со реализација на нивните ветувања за нашите потреби“.

Инаку, реализацијата на овој проект на Локалната самоуправа ја чинеше околу 18 милиони денари средства кои општината ги обезбеди од Агенцијата за рурален развој.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top