Економскиот развој во Струга стагнира

Економскиот развој во Струга, стагнира. Тоа е поради лошата политика на албанските министри за економија во актуелниот владин состав, кои не обезбедија ниту една слободна економска зона во средина каде што живеат албанците и ниедно работно за албанците, обвинува струшкиот градоначалник.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Слободните економски зони во Струга не функционираат. Тие се директна конкуренција на Струга и се една од причините за слабиот економски развој на оваа општината, забележува струшкиот градоначалник Зијадин Села. Тој додава дека тоа е така бидејќи слободните економски зони биле менаџирани од страна на централната власт.

„Ние како општина имаме комерцијална зона во која инвеститорот за да почне со инвестиција треба да плати 30 евра по метар квадратен почетна цена како што е одредено со закон кој се ноци во собранието на Р Македонија, тука се гледа дирекна конкуренција со слободните економски зони“.

Села посочува дека и покрај фактот што слободната економска зона е на територија на општина Струга, таа била само мртво слово на хартија, бидејќи таму не работел ниту еден граѓанин на општина Струга, туку вработените во таа зона биле граѓани на општина Охрид и Дебрца.

„Ова не е ништо ново во врска со слободните економски зони тоа е иста ситуација која што се случува во цела држава. Пример во Струга се случува тоа што се случува во Гостивар и Тетово и секаде. Значи од 2008 за жал албанците имаат четири министри за економија, а од друга страна Никола Груевски преку овие политики има стигнато до над 40 работни места да отвори во државава, од друга страна нема ниедно работно место за албнците“ – вели Села.

Во споредба со минатото кога пред десеттина години општина Струга немала конкретни проекти за економски развој на градот, сега ги имало и повеќе од потребното, но централната власт намерно правела опструкции во работењето на оваа градска власт, нагласува Села.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top