„Гринпис“ во Охрид

Најмоќната еколошка организација „Гринпис“ во Охрид – најавува коалицијата на екологистите од независната советничка листа број 10.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого

Најмоќната еколошка организација „Гринпис“ во Охрид – најавува коалицијата на екологистите од независната советничка листа број 10.

Носителот на независната советничка  листа Коалиција на еколошки граѓански организации број 10, Борис Стојаноски, истакна дека во изминатите 18 години успеале да алармираат за еколошките проблеми во градот и околината и да покренат иницијативи за нивно решавање. Во изминативе 20 дена тие воделе кампања со скромни можности, финансирана од самите членови – екологисти и се задоволни од нејзиниот тек.

logoКандидатот од оваа советничка листа Ѓоко Зороски,  истакна дека пресовите ги одржуваа под ведро небо, при што укажуваа и советуваа како да се заштити животната средина и здравјето на луѓето. „Се сретнавме со граѓаните од градот и селските средини и тие не подржуваат заради волонтерската работа и аполитичниот став, не штедејќи го нашето време  и апелите за нарушување на животната средина и здравјето на сите“- истакна Зороски.

Екологистите планираат во претстојниот период да отворат Зелен центар и едукативни центри за производство на органска храна за земјоделците. Екологистите се во контакт со „Гринпис“, најмоќната еколошка светска организација  и најавуваат дека наскоро ќе станат дел од светските еколошки збиднувања.

 

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top