Да ги запрегнеме ракавите

„Моите стандарди се европски, сакам од Охрид да направиме европски град во соработка со Владата и со претседателот на Република Македонија“.

 |  Лионела Јаковлева  | 
logo
лого

„Моите стандарди се европски, сакам од Охрид да направиме европски град во соработка со Владата и со претседателот на Република Македонија“ – рече кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче.

ВМРО-ДПМНЕ сака да направи капитални нешта за Охрид , сака да го подигне нивото на честа на Охрид, сака да ја врати духовноста на Охрид. ВМРО-ДПМНЕ го почитува гласот на сограѓаните и им благодари на поддршката. „На Охрид ќе му донесеме позитивен пресврт и конечно развој и работа за јавното добро“- рече Борис Стефаноски, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со информирањето за изборната кампања, кандидатот за градоначалник Кирил Трендафилов – Нанче рече:

pres„Навистина сум задоволен од соработката што ја имавме во овој период со новинарите и мислам дека ќе имам можност да соработувам со медиумите и од позиција Градоначалник“. Воедно, Нанче се заблагодари на граѓаните за големата посетеност на сите трибини кои што ги одржале во сите населени места и делови на градот, како и за многуте проекти и идеи кои им ги понудиле.

„Моите стандарди се европски, сакам од Охрид да направиме европски град во соработка со Владата и со претседателот на Република Македонија. Да ги запрегнеме ракавите – имаме 4 добри години да покажеме дека и ние како генерација ќе оставиме еден белег во историјата на Охрид“- потенцираше на крајот од прес конференцијата кандидатот за градоначалник Кирил Трендафилов – Нанче.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top