На станарите од зградата на улицата „Лазо Трпоски“ бр. 55 им прокиснува

Станарите кои живеат во зградата на улицата „Лазо Трпоски“ 55 се плашат дека при секои пообилни врнежи од дожд ќе им капе од кровот. Пред еден месец тројцата доверители ја отвориле едната страна од чатијата кадешто треба да се гради поткровјето и ја оставиле така, без да ја заштитат. Вчера ставиле неколку ламарини кои ветрот ги оддувал, па наместо да ги заштитат, станале дополнителна опасност. Станарите бараат под итно да се реши проблемот за што пријавиле и во градежниот инспекторот. Доверителите ветуваат дека уште утре ќе го санираат кровот.

 |  Јаковлева Лионела  | 

На станарите од зградата на улицата „Лазо Трпоски“ бр. 55 кои живеат на петтиот кат, при секои пообилни врнежи од дожд им прокиснува. Оваа ситуација започнала во месец мај кога тројцата доверители ја отвориле едната страна од чатијата кадешто треба да се гради поткровјето.

Отворија горе на таванот бидејќи имаат клуч од вратата на чатијата и изградија баџа и ја оставија отворена. Ние ги замоливме што побрзо да ја затворат зошто беше најавено дека ќе има дожд, но тие не не сфатија сериозно. Ставија некои најлони кои  ги издува ветрот, а вчера пак ставија ламарини. Сношти беше страшно. Ламарините тропаа, летаа можеа некого и да повредат. Кај нас се изводена, со леѓени се шетав цела ноќ по станов, вели  Тодоровски Стојан, еден од станарите на кои им прокиснува.

Станарите од зградата уште на 1ви јуни собрале потписи и го пријавиле случајот кај градежен инспектор. Тој после три дена дошол заедно со тројцата доверители кои ќе градат поткровје и се качиле на чатија. На станарите не им било дозволено да присуствуваат на средбата, ниту да го слушнат разговорот.

Кога го прашав инспекторот ми рече дека ќе го затворат кровот  за една недела и дека ќе постават прозорци и други заштитни средства, а тие поставија само еден лим, а тоа е ништо, мајтап работа. Тоа ти е како да си ставил рибарска мрежа. Сношти толку прокиснуваше што се шетав со кофи и леѓени по станов, вели станарот Богданоски Веле.Разговоравме со еден од доверителите кои ќе го градат поткровјето во зградата кој вети дека уште утре проблемот ќе биде решен. Рече дека кровот  ќе биде покриен со материјал кој не пропушта вода па станарите кои живеат таму ќе можат да здивнат. Додаде дека во никој случај не сакаат да ги оштетат станарите, но сакаат да си ги остварат своите доверителски права.

Разговоравме со еден од доверителите кои ќе го градат поткровјето во зградата кој вети дека уште утре проблемот ќе биде решен. Рече дека кровот  ќе биде покриен со материјал кој не пропушта вода па станарите кои живеат таму ќе можат да здивнат. Додаде дека во никој случај не сакаат да ги оштетат станарите, но сакаат да си ги остварат своите доверителски права.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top