Бидејќи за прв пат досега во исти ден се гласа за градоначалнички и претседателски кандидат, на граѓаните ќе им треба време, добро да го разгледаат гласачкото ливче, и да видат кој број треба да го заокружат.
Бидејќи за прв пат досега во исти ден се гласа за градоначалнички и претседателски кандидат, на граѓаните ќе им треба време, добро да го разгледаат гласачкото ливче, и да видат кој број треба да го заокружат.
Експертите велат периодот превиден за гласање е доволен за сите граѓани да го искористат тоа право.
Избирачкото ливче, збунувачко за граѓаните. Бидејќи за прв пат досега во исти ден се гласа за градоначалнички и претседателски кандидат, на граѓаните ќе им треба време, добро да го разгледаат гласачкото ливче и да видат кој број треба да го заокружат.
Доколку граѓаните претходно не се информирани кој број треба да го заокружат на гласачкото ливче, и на лице место го разгедуваат тоа, тогаш би одзело повеќе време од вообичаено. Самиот процес од влегување на гласачкото место вклучително и гласањето, би траело околу 3-4 минути. Со тоа автоматски се поставува прашањето дали во периодот од отварање на гласачкото место па се до самото затварање, ќе биде доволен период за да гласаат предвидените гласачи. Стручните лица оценуваат дека 12 часа се доволно за сите граѓани да го искористат правото на гласање. Гласачкото тело во Струга изнесува 57. 371.
Струга на досегашните избори важела за дисциплиниран град, без малверзации а уште помалку инциденти. Ова треба да се докаже и на претстојните избори велат од невладините организации. Се надеваат дека нивните очекувања ќе се исполнат.
Од невладините организации апелираат до политичките партии и гласачите да се придржуваат на правилата околу гласањето. Уште еднаш да докажеме дека во Струга секогаш се организирале и спроведувале фер и демократски избори.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град