Ова беше темата на денешната прес конференција на општинската Либерално- демократска партија.
Постојано се зборува колку се инвестирало во образованието и колку е постигнато од материјално- технички апсект. При тоа се занемарува примарната функција на образованието: воспитно- образовната компонента, рече кандидатот за советник од ЛДП, Лидија Јефтовиќ.
Да градиме свет за потребите на детето- е мотото на ЛДП кое е во согласност со националната стратегија за развој на образованието.
Неопходно е во иднина приоритет да биде детектирањето на проблемите на децата на чие решавање потоа ќе работи стручен тим. Како резултат на тоа ќе следи подобрување на квалитетот на образованието, велат од ЛДП.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град