Учениците од подрачното училиште „Ванчо Николески“ од Косел добија нова спортска сала. Денес истата во присуство на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и заменик министерот на министерството за образование Спиро Ристески, свечено беше пуштена во употреба. На отварањето Бакрачески истакна, „Уште еднаш ја докажавме нашата цврста определба за обезбедување на квалитетен образовен и наставен процес“.
Нема добар образовен систем без адекватно физичко и здравствено образование, истакна градоначалникот Никола Бакрачески, на денешното свечено пуштање во употреба на спортската сала во подрачното училиште „Ванчо Николески“ во Косел. Ова училиште ја доби најквалитетната спортска сала, вели Бакрачески.
„Тоа е уште еден поттик и мотивација за учениците од ова училиште да градат здрави животни навики паралелно со одвивање на квалитетна настава во делот на физичкото и здравственото образование. Со средства на МОН и дел средства на Локланта самоуправа реконструиране е училишната спортска сала која во изминатиот период долго време наназад беше затворена од санитарната инспекција и во неа не можеше да се одвива адекватна настава“ – истакна Бакрачески.
Заменик министерот Спиро Ристески истакна дека за реконструкција на салата биле инвестирани средства во висина од околу 50 000 евра, така што заменети биле таваните, осветлувањето, реконструирани биле ѕидовите столатријата, подот, но биле донесени и нови реквизити.
„Станува збор за реализирана спортската сала по сите стандарди со соодветна опрема и инфраструктура која што претхдно беше далеку од она што беше реалност во рамки на соодветната спортска сала, бидејќи станува збор за еден заначаен капителен објект за тоа населено место и општо за Охрид од аспект на тоа што сега учениците но и граѓаните на Косел ќе можат да реализираат споретски и рекреативни активности“
Според најавите на градоначалникот Бакрачески и Министерството за образование, при крај биле подготвителните активности за иградба на нова спортска сала во рамки на ОУ „Кочо Рацин“ во Охрид. Исто така министерството ќе изврши и увид и на подготвителните активности кои што треба да се реализираат и во делот на реконструкцијата на ОУ „Григор Прличев“, која што во наредните 10 дена по завршување на учебната година ќе отпочне со средства во висина од околу 8 милиони евра.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град