Реконструкцијата на ул „Стив Наумов“, влезена е тригодишната програмата за развој на комуналната сфера на територијата на општина Охрид, информираат од Сектор за комунални дејности сообраќај и улици. Согласно истата програма за брзо време предвидена била санација на патот, расчистување од тревнатата површина, осветлување, а доколку налагаат условите може да се планира и изградба на повеќенаменско детско игралиште.
Санирањето и реконструкцијата на ул „Стив Наумов“, во Охрид оди парцијално. Пред неколку дена мештаните од оваа улица, во делот позади стариот објект на некогашна Охридска Трговија во близина на Винарската визба, укажаа на сериозни проблеми со кои речиси 5 децении наназад се соочувале, од обраснатост со трева, ископан пат, немање улично осветлување, до барање за изградба на детско игралиште во т.н. краста. Љупчо Танески портпаролот на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици признава дека на делови од оваа улица треба да се интервенира со соодветна санација на ударните дупки бидејќи и до нив допреле поплаките на мештаните.
„Овој дел од улицата се наоѓа на еден од поглавните приоритети во рамките на тригодишната програма за развој на комуналната сфера на територијата на општина Охрид од страна на секторот и во блиска иднина се планирани нови активности, насочени кон санација и реконструкција на трупот на патот“.
Според Танески, барањето за изградба на детско игралиште не е исклучено доколку не постојат проблеми од имотно правен карактер на посочената локација. Танески категоричен дека мештаните во овој дел од ул „Стив Наумов“ не се забоавени и во минатото се работело за подобрување на сите аспекти од комуналното живеење и во иднина ќе се работи на тоа.
„Што се однесува вд предлогот за изградба на повеќенаменско детско и спортско игралиште на овој потег, секако дека стручните екипи од секторот најпрво ќе ја разгледаат сопственоста на споменатиот потег, па подоцна да може да се изјасниме по однос на тоа, знаете дека политиката на Локалната посебно на градоначалникот Бакрачески е за развој на спортот и интензивно се градат вакви содржини во повеќе урбани заедници“.
Танески најави дека Секторот за брзо време ќе се погрижи за преземање на соодветни мерки за расчистување на тревнати површини на делови од градот во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“,при што ќе биде опфатен и овој потег. Додека пак, што се однесува на јавното улично осветлување, екипите од енергетското одделение при Секторот, работеле на програма за отварање на нови сијалични места за деловите во градот каде што досега воопшто немало улично осветлување, а во таа проекција ќе влезе и делот од ул „Стив Наумов“.
Инаку, според Танески последен поголем зафат на оваа улица бил направен во 2014 година кога во должина од околу 400 метри била изведена нова фекална канализација. Годинава, пак, кога на пресекот со Туристичка се изведуваа градежните работи околу изградбата на новиот кружен тек, била изградена нова атмосферска канализација, со што се надмина проблемот со поплавување во тој дел.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град