• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Струга
  • Основното јавно обвинителство – Струга, поднесе обвинение за убиство против две лица од Струга

Основното јавно обвинителство – Струга, поднесе обвинение за убиство против две лица од Струга

Основното јавно обвинителство – Струга поднело обвинение против Б.Б. и Е.Б., кои се товарат за убиство, кое се случи во декември минатата година на локалниот пат Струга – Долна Белица.

 |   | 

Основното јавно обвинителство – Струга поднело обвинение против Б.Б. и Е.Б., кои се товарат за убиство, кое се случи во декември минатата година на локалниот пат Струга – Долна Белица.

„По спроведена сеопфатна истражна постапка, Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинение против две лица. Обвинетите Б.Б и Е.Б се товарат за сторени кривични дела убиство од член 123 и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик“, стои во соопштението на јавното обвинителство.

На 13 декември минатата година, на патот меѓу Струга и Долна Белица се случи престрелка меѓу две групи, во која едно лице беше убиено, а две беа ранети.

Двајцата обвинети, Б.Б. (45) и Е.Б. (30), се жители на селото Велешта.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top