Охридското езеро мора да се заштити од отпадните води

Заштитата на Охридското езерто од отпадните води, тема на денешната пресс конференција на советничката листа на група избирачи со реден  бр. 13.

 |  Татјана Маленкова  | 
VC
ВЦ

Заштитата на Охридското езерто од отпадните води, тема на денешната пресс конференција на советничката листа на група избирачи со реден  бр. 13.

Ќе се залага за изградба на секундарна канализациона мрежа или за проширување на постојаната во сите населени места каде што нема изградено, рече носителот на советничката листа.

Претставници од советничката листа на група избирачи со реден  бр. 13 на денешнта пресс конференција, зборуваа за Заштитата на Охридското езерто од отпадните води. Според нивото на квалитетот на заштитата и унапредувањето на животната средина, се отценува степенот на економски развој, но и степенот на културен развој на одредена локална самоуправа, рече носителот на советничката листа на група избирачи со реден  бр. 13 Владо Цветкоски.

Vlado CvetkoskiВо делот на одведувањето на отпадните води нашата Советничка група ќе се залага за изградба на секундарна канализациона мрежа или за проширување на постојаната канализациона мрежа во сите населени места каде што нема изградено секундарна канализациона мрежа, рече Цветкоски.

Опшина Охрид има голем проблем со несоодетната регулација, одржување и користење на коритата на Реката Грашница и реката Даљан. Факт е дека големината на буџетот на општината не дозволува одвојување на значителни парични средства за да може да се уредат коритата на овие реки. Нашата советничка група ќе инсистита во рамките на идната општинска администрација да се формира посебна работна стручна група која ќе работи исклучиво на тоа да се обезбедат донации или други парични средства од владата на Р македонија и од пристапните фондови на европската унија на овие два проекти, рече Цветкоски.

 

 

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top