Во државава има се повеќе високообразован кадар а недостига стручен кадар

Се повеќе има недостиг од кадри во машинската струка, во електро-техничката, градежната струка, нема фасадери ниту плочкари, а се кубури и со готвачи и келнери. Ова го покажало истражувањето направено од страна на Стопанската комора на РМ што било причина за да покренат иницијатива за воспоставување на дуелен систем на образование во средното стручно образование.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Во државава има се повеќе високообразован кадар одколку стручен кадар. Поради тоа има недостиг во машинската струка, во електро-техничката, градежната струка, нема фасадери ниту плочкари, а се кубури и со готвачи и келнери. Ова го покажало истражувањето направено од страна на Стопанската комора на РМ што било причина за да покренат иницијатива за воспоставување на дуелен систем на образование во средното стручно образование. Тоа значи во образованието да се направи комбинација на теоријата и праксата за да можат учениците кои го завршуват средното стручно образование веднаш да се вклучат во процесот на производство во компаниите.

Ние мораме во наредниот период како комора да ја интензивираме нашата улога на поврзување на образованието и компаниите и да најдеме соодветен начин за нивна соработка и соработка со државните институции и ресорните министерства. Праксата мора да се врати во образованието ако сакаме да имаме стручен кадар, вели Елена Милевска Штрбевска- оперативен директот на Стопанска комора на РМ.

Дуелен систем на образование има во европските држави и тоа во Германија, Швајцарија, Австрија кој многу успешно функционира. Но кај нас тој не може во целост да се имплементира туку треба да се прилагоди на нашите потреби, вели Милевска Штрбевска .

За таа цел ќе треба да се направат измени во законот, а покрај комората во процесот треба да се вклучат и другите чинители. Треба да се надмине трендот кој владее кај нас дека само со високо образование може да се стигне до добро вработување. Треба да се вратиме во оној период кога стручното средно образование беше многу ценето, вели Милевска Штрбевска.

Овој процес не може да заврши за неколку месеци или години. Тој треба да биде долготраен доколку сакаме да имаме соодветни резултати, велат од стопанската комора на РМ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top