Заминува и Тојота?

Тојота е многу блиску да стане вториот тим од Формула 1 кој ќе се откаже од натпреварувањето, соопштуваат светските медиуми.

 |  Крсте Голабовски  | 
bolid
болид

Тојота е многу блиску да стане вториот тим од Формула 1 кој ќе се откаже од натпреварувањето, соопштуваат светските медиуми.
Лично директорот на компанијата Тадаши Јамашина изјавил дека откажувањето на тимот од едно од најкомерцијалните натпреварувања во светот било на дневниот ред, но сега засега ситуацијата ќе остане непроменета.

„Јасно е дека светската финансиска криза не погоди и нас. Нема што друго да се каже. Буџетот за натпреварите во Формула 1 е скратуван неколкупати, а на крај треба да сезапрашаме дали нешто ќе остане како што треба и за следниот период“, изјави Јамашина.

bolidСо заминувањето на Хонда нештата станаа се потешки. Во Ф1 шампионатот многу од тимовите имаат проблем со финансиите, па сега останува да се види каков тек на шампионатот ќе има оваа година.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top