Повик до граѓаните за спас на Македонија, а критики за актуелната власт.
Вечерва, пред преполнетиот градски плоштад во Охрид, СДСМ го одржа својот митинг. На граѓаните им беше порачано дека од тука треба да започне борбата за демократија на овие избори, на кои ќе победи надежта за една подобра и сигурна иднина. Ова е дел од пораката која на охриѓани им ја упати претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој се осврна и на актуелната состојба во Охрид и работата на градоначалникот Александар Петрески.
Претседателскиот кандидат од оваа партија, Љубомир Данаилов Фрчкоски, во свој стил не пропушти да спомне дека партијата на власт е во паника и свесна дека ги губи овие избори. Говореше за пропуштените инвестиции и напредокот на соседните држави.
Пред охриѓани, актуелниот градоначалник и кандидат Александар Петрески, со емотивен жар говореше за достигнувањата на актуелната Локална самоуправа и подршката која што ја има од неговите сограѓани. Потенцираше дека, за набројување на достигнувањата во изминатиот мандат, би му биле потребни четири дена и четири ноќи. Не заборави да вети реализација на голем број програми во наредниот мандат, кој ќе го добие од граѓаните.
Во своето излагање, Петрески му обрати и на премиерот Груевски, при што му порача да се грижи за социјалните проблеми во државата, а не да се труди со сета сила да го оцрни неговото работење.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град