Во рамки на програмата за чествување на празникот Св Кирил и Методиј, во Охрид се одржа панихида. На овој ден својот патрон го одбележаа и играорците на КУД „Ѓердан“. Од таму велат дека традицијата продолжува како и тоа дека младите мора да се насочуваат кон фолклорот, како еден од главните обележја на македонскиот народ.
Панихида за Св Кирил и Методиј. Во рамките на годинешната програма за чествувањето на Свети Кирил и Методиј, денес во салата на КУД „Ѓердан“ се одржа Панихида и свеченост. Најмладите играорци од КУД „Ѓердан“, како и нивните гости од Кавадарци, велат дека со задоволство се подготвувале за изврдба на македонските ора, посебно на големиот празник.
„Ова ми е петта година каде што учествувам на овој патрон. Ќе се претставиме со ора од Егејска Македонија охридски игри…различн.
Традицијата продолжува, вели уметничкиот раководител на КУД „Ѓердан“ Татијана Тренеска. Таа вели дека од година во година одбележувањето на патронот го збогатуваат со нови содржини.
„По 12 пат се приклучуваме кон прославата за Св Кирил и Методиј кој што воедно е и патрон на нашето КУД „Ѓердан“. За разлика од минатата година, годинава поканивме гости од Кавадарци, КУД „Тиквеш“, со тоа да ја збогатиме нашата програма. Учествуваат детските групина КУД „Ѓердан“ -изјави Тренеска.
Играорците од Кавадарци се претставија со машкото старотиквешко ори и сплет ора од источна Македонија. Другарување, пријателство и негување на добрата соработка е она што пред две години ги спои охридското и кавадаречкото КУД, вели Илија Филов, кореаографот на фолклорниот Ансамбл „Тиквеш“.
„Младите треба да ги насочуваме кон фолклорот, кон задржување на традицијата, бидејќи тоа е едно од главните обележја на македонскиот народ. Фолклорниот Ансамбл „Тиквеш“ брои над 200 членови, овде гостуваме со најмалата група до 12 год“- вели Филов.
Светите браќа Кирил и Методиј се родени во Солун во IX век. Тие станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик. По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените. Двајцата браќа се почитувани во Источната православна црква како светци со титулата Еднакви со Апостолите. Во 1880, Папата Лав XIII ја вовел нивната слава во календарот на Римокатоличката црква. Во 1980, Јован Павле Втори ги прогласил за созаштитници на Европа, заедно со Бенедикт Нурсијски.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град