Течат реконструктивните зафати во болницата „Св Еразмо“ од Охрид

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ од Охрид, се реновира. Тоа ќе значи унапредување на стандардите и условите за работа, како и зголемување на капацитетите за дијагноза и третман на пациентите. Деновиве интензивирани се градежните зафати околу нејзината комплетна реконструкција, а паралелно се работи и на карабината каде треба да се префрли Кардиолошкиот центар „Св Стефан“ од Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ од Охрид е во напредна фаза од својата реконструкција. Како што информираше директорот на оваа здравствена установа д-р Митко Тилев со градежните зафати се отпочнало на почетокот од оваа година и до април 2017 година треба да биде реконструиран целиот болнички комплекс, Со овој проект како што појасни Тилев ќе се реновира и адаптира постојниот објект на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Охрид, но и делот каде што треба да се пресели Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Св Стефан“.

„Во најскоро време за неколку денови треба да се пушти дијагностичкиот центар, веќе го имаме добиено компјутерскиот томограф, како и дигиталниот рентген апарат што најбрзо треба да го пуштиме во употреба со цел да ја подобриме дијагностиката на пациентите и лекувањето на пациентите, тоа ни е приоритет но се работи и на првиот и вториот кат од амбулантите, лабараторијата одделот за стерилизација и сите пропратни елементи“.

Тилев кажа дека во моментов кога се изведуваат градежните работи околу реконструкцијата на овој комплекс, установата работи во посебни услови односно во 50 % од капацитетот континуирано тече здравствената услуга додека пак на останатите 50 % се изведуваат градежните активности.

„Се работи и на карабинскиот дел од позади на болницата таму тие 2000 квадрати се за префрлање на кардиолошкиот завод, паралелно се работи и тоа, значи и тој и нашиот дел заедно со 6 операциони сали амбулантите.л задоволни сме од функционирањето на болницата ние гледаме максимално да придонесеме за да излеземе во пресрет на граѓаните од цела Македонија“ -истакна Тилев.

Очекувањата на првиот човек на болницата „Св Еразмо“ се дека оваа болница ќе го одржи високиот рејтинг кој го стекнуваше години наназад, не само во земјава туку и пошироко на Балканот. Ианку реконструкцијата на болницата чини 215 милиони денари. Со тоа ќе се овозможи унапредување на стандардите и условите за работа, како и зголемување на капацитетите за дијагноза и третман на пациентите. Како што е познато оваа болница датира некаде од 1950 година,кога функционирала во бараки, потоа во 70-тите години бил изграден објект од поцврста градба, а веќе во 90-тите години била изградена карабината врз основа на која во претстојниот период ќе се гради новата најсовремена болница.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top