Познати се проектите за кои општината одобри финансиски средства

Од пријавените проекти на Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2016 година најмногу пари од општинскиот буџет добија проектите од областа на културата, а најмалку оние посветени на младите. Претставниците на здруженијата на граѓани и институции кои се избрани за доделување на финансиски средства, се повикуваат во рок од три работни дена, почнувајќи од одат во Секторот за образование за да ги потпишат договорите за учество во финансирање на програми и проекти.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Познати се проектите за кои општината одобри  финансиски средства по јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2016 година. Општината од својот буџет годинава за оваа намена издвои 1 750 000 ден. за 58 субјекти кои се јавиле на јавниот повик.

Сметаме дека оваа сума е пристојна бидејќи ние ги кофинансираме , а не ги финансираме проектите. Се надевеме дека сите учесници на јавниот повик се задоволни од доделените средства за нивните проекти, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локланата самоуправа.

Најмногу проекти со кои е аплицирано  се од областа на културата и тоа 58, 27 од областа на спортот, 14 од заштитата на животната средина, 6 од социјалната сфера и 6 од здруженијата за млади. 800 000ден се издвоени за култура, 440 000 за спорт, 220 000 се издвоени за животна средина, 265 000 за проектите од социјалната сфера и 75 000 за проектите од здруженијата за млади. Овие суми не се јавно објавени на страната на општина Охрид, ниту пак се истакнати сумите парцијално по проект. Зошто е тоа така го запрашавме портпаролот на Лолакната.

Па тоа е став на комисијата која одлучува кој проект колку пари ќе добие . Сумите не се некоја тајна, но јас не знам зошто има потреба тие јавно да се објавуваат и кого тоа го интересира, вели Џамтоски.

Висината на сумите се информација од јавен карактер и ги интересира граѓаните, истите оние од чиј џеб се полни општинскиот буџет, и кои добро е да знаат кои области од општественото живеење ги подпомага локалната. А ги интересира и сите оние кои аплицирале со проект.
Инаку, претставниците на здруженијата на граѓани и институции кои се избрани за доделување на финансиски средства, се повикуваат во рок од три работни дена да одат во Секторот за образование за да ги потпишат договорите за учество во финансирање на програми и проекти.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top