Македонија подготвена за евро проектот Натура 2000

Претставници на охридските научни институции, и останати субјекти надлежни за управување со заштитените подрачја, денес во центарот за посетители на НП „Галичица“, имаа можоност да се запознаат со придобивките од проектот на Министерството за животна средина и просторно планирање „Зајакнување на капацитетите за имплентација на Натура 2000“. Стекнатото знаење присутните треба да го пренесат во организациите од каде што доаѓаат.

 |  Николоска Биљана  | 

Зајакнување на капацитетите за имплентација на Натура 2000. Реализацијата на овој проект финансиран од ЕУ, има за цел да го подобри законодавството од областа на заштитата на природата. Даниел Богнер, тим лидерот на проeктот „Зајакнување на капацитетите за имплентација на Натура 2000“ истакна дека Македонија се труди да се приближи кон ЕУ, а во таа насока некои од законите на нашата земја треба да се приближат до европските.

„Се однесува на заштита на природата, има две директиви кои треба да се имплементираат овде и ние започпнуваме со тоа. Ние ја спремаме Македонија за Натура 2000, ние треба да номинираме седум области кои ќе бидат заштитени и НП „Галилчица“ е едно од нив“ – нагласи г- дин Богнер.

Денешниот настан беше искористен и за една мошне важна едукација на учениците од ОУ „Св Климент Охридски“. Како што појасна Ѓоко Зороски од ЕД „Грашница“, еден ваков проект секогаш бил добредојден посебно во заштитените подрачја како што е тоа нашата Галичица, бидејќи луѓето треба да станат свесни за сите последици кои што ги преземаат врз природата, како што е тоа дивата сеча и нелегално одлагање на отпад.

„Децата се едуцираа за природните вредности на НП „Галичица“, за заштита на природата, а потоа имаа можност да цртаат животни односно видови кои што се застапени во паркот. Секоја ваква едукација е добредојдена за децата, бидејќи уште од најмали нозе ако им се всади љубовта кон природата и заштитата на животната средина тие и понатаму ќе ја почитуваат и ќе има помалку штетни последици по природата“– изјави Зороски.

Андон Бојаџи од НП „Галичица“ појасни дека факотот што НО Галичица ќе биде дел од мрежата Натура 2000 е од големо значење, бидејќи станува збор за иницијатива, односно директива на ЕУ за заштита на биолошката разновидност во рамките на Унијата. Таа мрежа мора да ја воспостави и нашата земја во фазата на подготовка на Македонија за пристап кон ЕУ.

„Зошто во НП „Галичица“, во мрежата на Натура 2000 претходи мрежата ем ерал, Македонија кога ја воспоставуваше оваа мрежа, заштитено подрачје број еден кое пристапи на таа мрежа беше НП „Галичица“. Заради вредностите кои ги поседува паркот, тој ќе биде дел од Натура 2000. Придобивките од мрежата се подобрување на заштитата на природата односно биолошката разновидност која ја поседува паркот“ – вели Бојаџи.

Со проектот натура 2000 ќе се идентификуваат живеалишта и диви видови во согласност со ЕУ Директивата за птици и живеалишта. Клучни учесници односно засегнати страни се Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јавните установи, Националните паркови, „Галичица“, „Пелистер“ и „Маврово“, како и други надлежни субјекти за управување со заштитените подрачја, здруженија на граѓани, ЗЕЛС, сопственици и корисници на земјиште. Секторите за туризам, шумарство, лов и риболов. Проектот ќе се имплементира во рок од една година, почнувајќи од февруари годинава. Истиот е во вредност од 1,3 милиони евра средства од ЕУ и се однесуваат на целата територија од нашата земја.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top