Со дефиле на противпожарните возила низ Охридските улици денес во 10 часот охридските пожарникари ќе го започнат одбележувањето на 20 мај- Денот на пожарникарите во Р. Македонија.
Со дефиле на противпожарните возила низ Охридските улици денес во 10 часот охридските пожарникари ќе го започнат одбележувањето на 20 мај- Денот на пожарникарите во Р. Македонија.
Во 10:30 часот во дворниот простор на ТППЕ – Охрид ќе се одржи презентација на противпожарната опрема, а половина час подоцна во работните простории ќе се одржи свечен прием. Одбележувањето на празникот ќе биде заокружено со крводарителска акција на пожарникарите во Медицинскиот центар во Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град