На крстосницата на улиците „Абас Емин“ и „Крали Марко“ се поставува улично осветлување, но на телефонски столбови.
На крстосницата на улиците „Абас Емин“ и „Крали Марко“ се поставува улично осветлување, но на телефонски столбови. Од страна на претставник на Македонски Телеком констатирано е дека вака поставеното улично осветлување претставува потенцијална опасност за граѓаните.
Деновиве општината започна со поставување на улично осветлување на улиците „Абас Емин“ и „Крали Марко“. Осветлувањето го изведува приватна фирма, која е ангажирана од Локалната самоуправа, и тоа на телефонски столбови кои се во сопственост на Македонски Телеком.
Несоодветното поставување на улично осветлување е забележано на повеќе локации низ градот. Од Македонски Телеком предупредуваат дека ваквиот начина на работа е непрофесионален и опасен за безбедноста на нивните корисници. Додаваат дека каблите за елктрична енергија и телефонските кабли не треба да се на ист столб, затоа што може да дојде до спој со што ќе настрадаат електричните апарати во домаќинствата. За несоодветно поставеното улично осветлување предупреден е и Советот на општината.
ТВМ контактираше со надлежните во Локалната самоуправа од каде уверуваат дека поставувањето го вршат стручни лица кои си ја знаат работата.
„Во иднина, секоја администрација треба да се стреми електричната и телефонската мрежа да се поставува под земја“ е ставот на Никола Манески, потпарол на општина Охрид. „На тој начин ќе се избегнат ваквите укажувања и Охрид нема да биде украсен со различни видови бандери“ –додава Манески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град