Ќе се уредува паркингот наспроти Центарот за обука на вода

Паркингот наспроти Центарот за обука на вода на АРМ, оваа сезона ќе се уредува. Со него стопанисува ЈП „Билјанини Извори“. Според најавите на директорот Ристе Мишев доколку оваа сезона успеат да ги исполнат сите услови за вршење наплата, овој паркинг повеќе нема да биде бесплатен.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Достапноста со возила до атрактивните плажи Кубалибре, Кадмо и Бела Виста, од годинава ќе биде со обезбеден паркиниг. Станува збор за сеуште неуредениот простор наспроти Центарот за обука на вода на АРМ, покрај патеката која води до плажите. Директорот на ЈП „Билјанини Извори“, Ристе Мишев за годинава има планови во врска со овој простор, бидејќи е во нивно владение.

„Ние сеуште немаме започнато со стопанисување, односно со наплаќање за паркинг услуги, прво ќе следи уредување на тој дел, веднаш потоа во летниот период ќе стопанисуваме, односно ќе вршиме наплата за паркирање согласно ценовникот донесен на Совет на општина Охрид. Значи во овој момент сме во фаза на уредување и не вршиме наплата но кога ќе уредиме и кога ќе прецениме дека сме ги исполниле сите услови за вршење наплата, ќе наплатуваме – вели Мишев.

Како што во неколку наврати ТВМ информираше, оваа локација која години наназад се користи како паркинг простор за блиските плажи, речиси една деценија од страна на Советот на општина Охрид му се доделува на ЈП, но очигледно дека годинава тоа ќе почне конечно да стопанисува со истиот. Исто така во неколку наврати од ЈП најавуваа дека истиот ќе биде ограден и тампониран и дека ќе се прекине со праксата паркинзите по плажите да бидат бесплатни, во интерес на концесионерите, бидејќи очекувањата на директорот од јавното претпријатие се дека паркинзите покрај плажите во летните месеци треба да донесат значајни средства како претпријатието би можело да исплати дел од своите долгови кон многубројни доверители.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top