На Охрид му треба нов здравствен дом

Советничката листа на група избирачи со реден  бр. 13, пред новинарите образложија дел од својата програма посветена на „Здравствената заштита на луѓето“.

 |  Татјана Маленкова  | 
Vlado Cvetkoski
Владо Цветковски

Советничката листа на група избирачи со реден  бр. 13, пред новинарите образложија дел од својата програма посветена на „Здравствената заштита на луѓето“.
Како советници ќе се залагаат за изградба на нов совреман, модерен здравствен дом, но и за современ здравстевн дом во населбата Воска.

„Здравствената заштита на луѓето“,тема на денешната пресс конференција на советничката листа на група избирачи со реден  бр. 13.

„Основната здравстена заштита е една од најважните надлежности на локлната самоуправа, но и на целото општество, рече кандидатот за советник примариус д-р. Величе Марковски. Жителите на Охрид, добиваат здравствена заштита која е на многу ниско ниво. условите за работа каде што ги прегледуваме пациентите се многу лоши, апаратурата многу застарена, а стручниот кадар недоволен“, рече Марковски.  

presПреку локланата самоуправа ќе настојуваме да обезбедиме современи санитетски возила кои ќе овозможат итната медицинска помош , пациентите да ја добијат во што побрз временски период, истакна Марковски.
Охридската општина ќе се гордее со здравство ,кое ние како советници ќе се избориме да го направиме за Охрид. Нашата советничка група, има визија да направи здравствена заштита со европски стандарди, рече Марковски.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top