Локалната бара зголемена полициска присутност кај новите кружни текови

Кружните текови кај Гимназијата и на пресекот на „Туристичка“ со „Абас Емин“ проблематични за пешаците. На овие кружни текови не се обележани пешачките премини. Бидејќи комплетирањето на градежните работи ќе потрае, од Локлната бараат на овие места поголем мониторинг од сообраќајната полиција.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Локалната бара зголемена полициска присутност кај новите кружни текови кај Гимназијата и на пресекот на бул. „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“. Причина за тоа е што сеуште не е поставена хоризонталната сигнализација односно не се обележани пешачките премини поради што пешаците не се чуствуваат доволно безбедни при преминувањето на улицата.

Одделението за сообраќај и патишта е во постојана корелација со сообраќајната полиција при СВР Охрид. Ние ги нформиравме дека ќе биде потребно дополнително ангажирање на полицајци кај овие кружни текови додека не завршат градежните работи и додека не се постави целосно хоризонтална и вертикална сигмнализација. Можиме да приметиме дека нашите сугестии вродија со плод и дека полицијата е на терен, вели Љупчо Танески од Секторот за комунален развој и сообраќај.

Хоризонталната сигнализација ќе се обележува одкога ќе завршат градежните работи на и околу кружните текови, а тоа ќе потрае, вели  Танески. Моментално се работи на пополнување со хумус на средишниот дел од кружниот тек кај градскиот пазар по што хортикултурно ќе се уредува. После тоа следува поставувањето на хоризонталната сигнализација. На кружниот тек кај гимназија пак, сеуште се доработува источната страна по што ќе се премине на хортикултурно уредување па дури тогаш ќе се обеллежат пешачките премини. Овие фази можат и да потраат, а дотогаш пешаците треба многу да внимаваат каде ја поминуваат улицата.

Полициски службеници ќе бидат ангажирани на овие две критични точки. И сега веќе е засилено нивното присуство. Во одредени периоди од денот кога има поголема фреквенција на пешаци мониторингот е зголемен. Но морам да апелирам и до пешаците добро да внимаваат при преминувањето на улицата и да ја почитуваат вертикалната сигнализација бидејќи речиси на сите места се поставени соодветни знаци кои треба да се следат, вели Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид.

Според најавите од Локалната кружните текови треба да бидат целосно завршени до почетокот на главната туристичка сезона.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top