На полноќ истекува рокот за доставување на листи за пратеници

До синоќа во ДИК не пристигнала ниту една листа за кандидати за пратеници

 |  инфодеск  | 

На полноќ вечерва истекува рокот за поднесување листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија.
Од Државната изборна комисија, кажаа дека до синоќа не пристигнала ниту една листа за кандидати за пратеници. ДИК откако ќе ги добие листите, има 48 часа за да утврди дали листата на кандидати е поднесена во утврдениот рок и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. Ако има недостатоци, тие ќе треба да се отстранат исто во рок од 48 часа.
ДИК вчера одржа седница на која го разгледа Извештајот од регистарот на државјани доставен од Министерството за внатрешни работи, кој покажува дека е зголемен бројот на лица со право на глас односно полнолетните жители на Македонија на 1.958.844. Малолетни се 505.422 или вкупно МВР има регистрирано 2.464.266 државјани на Република Македонија.

Во однос на дијаспората, до ДИК се пристигнати 6.686 пријави за гласање на македонски државјани кои престојуваат во странство. Можно е, беше посочено, некој повеќе пати да се пријавил. За проверка е постапено по 3.190 пријави, но, има рок од уште три дена за обработка. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top