Охриѓанец чувал марихуана во бојлер

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(34) од Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr

svrПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(34) од Охрид.

При претрес извршен во домот на сега пријавениот, во внатрешниот дел од бојлерот во тоалетот, пронајдени и одземени се две мали кеси со 26 хартиени паковки опојна дрога марихуана.

Претресот и пронаоѓањето на марихуаната се реализирани по добиени оперативни информации дека А.П. набавил опојна дрога и во неговиот дом ја препаковал во помали количини, наменети за понатамошна препродажба на наркозависници од Охрид. Еден дел од марихуаната, пријавениот А.П. ја користел за лична употреба.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top