Прекрасен старт на Болт

Светскиот рекордер на 100 метри Усаин Болт ја оствари првата победа во 2009. година, откако со време 9,93 секунди триумфираше во Јамајка, во Спениш Таун.

 |  Крсте Голабовски  | 
Usein Bolt
Усеин Болт

Светскиот рекордер на 100 метри Усаин Болт ја оствари првата победа во 2009. година, откако со време 9,93 секунди триумфираше во Јамајка, во Спениш Таун.

„Беше тоа добра трка, пропуштив доста тренинзи и сега тоа се обидувам да го надополнам”, изјави Болт, кој дури во последните 10 метри од трката успеа да го стигне Даниел Бејли и да победи.

Usein Bolt„Тукушто почнувам да работам на брзината, ќе видиме како се ќе се одвива“, додаде Болт.

Трката во Јамајка беше трета натпреварувачка трка за Болт сезонава, по двете победи на 400м.
Усаин Болт има 22 години, а минатото лето на Олимпијадата во Пекинг ги собори светските рекорди на 100 и 200 метри, а победи и на штафетата 4х100 метри со екипата на Јамајка.

 

 

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top