Повторно протест на граѓанската иницијатива „Протестирам“ во Охрид

Во знак на протест поради состојбите на државата, активистите и поддржувачи на Граѓанската иницијатива „Протестирам“, по велигденската пауза, за денес повторно најавија протести во Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo

Во знак на протест поради состојбите на државата, активистите и поддржувачи на Граѓанската иницијатива „Протестирам“, по велигденската пауза, за денес повторно најавија протести во Охрид.

Охриѓани уште еднаш ќе го изразат незадоволството од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на одредени политичари, а бараат и негова оставка и повлекување на одлуката. Од „Протестирам“ остануваат на ставот дека нема услови за одржување фер и демократски избори на 5-ти јуни.

Протестот ќе започне во 18:00 часот на плоштадот „Крушевска република“, кај стариот Чинар.

До овој момент нема официјална најава за паралелен протест на ГДОМ. На последниот заеднички протест кој се одржа на 27-ми минатиот месец, полициското присуство и поставениот кордон спречи двете групи да имаат блиска средба, иако на момент се сретнаа на само 300-400 метри едни од други, кога едната група беше сопрена кај Кружниот тек во близина на „Охридска банка“, а другата кај старата стоковна куќа „Нама“. Акцијата на охридската полиција спречи да се случи инцидент и двата собири завршија во тензична, но мирна атмосфера.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top