На местото на „Маларична“ ќе се гради базен, а проблемот со паркинг просторот ќе се решава со подземна и катна гаража – ветува Кирил Трендафилов Нанче.
На местото на „Маларична“ ќе се гради базен, а проблемот со паркинг просторот ќе се решава со подземна и катна гаража – ова се само дел од урбнистичките решенија во изборната кампања на Кирил Трендафилов Нанче.
Кирил Трендафилов Нанче ги презентираше и останатите свои планови и визии како градоначалнички кандидат.
Предлага ревизја на деталните урбанистички планови, посебно во центарот, кај „Маларична“. Тука е предвидена изградба на станбена зграда со која Нанче не се согласува.
Еден од горливите проблеми на граѓаните е и сообраќајот. Нанче смета дека е потребна изработка на сообраќајна студија за градот. Акцент се става на проблемот со недостаток од паркинг простор.
Денешната прес конференција, од ВМРО ДПМНЕ ја искористија и да упатат апел до нивните политички конуренти да не го уриваат достинството на изборите.
Исто така, денес во простоиите на ВМРО ДПМНЕ беше потпишан и договор за соработка помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Во него, меѓу другото стои, дека политичката партија Демократска унија за интеграција ќе го подржи Кирил Трендафилов Нанче за градоначалник на Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град