Јавното претпријатие Комунално од Струга топ тема за време на изборната кампања.
Претпријатитето се повеќе тоне во долгови, моментално вработените немаат земено плата за 9 месеци а тоа се должи пред се поради недомаќинското работење на актуелниот директор, вели Зија Јонузи бившиот прв човек на Комунално.
Тој засебе рече дека во неговото раководење на претпријатието направил инвестиции во износ од 20.231.000 денари, што спротивно од неговото работење се покажало она на актуелниот директор. Поради несовесното менаџирање, вели Јонузи, ситуацијата во Комунално се влошува.
На денешната прес конференцијата на ДПА, за актуелните случувања во претпријатието зборуваше и кандидатот за градоначалник од оваа партија, Менди Чура. На места денес беше и финансиското работење на актуелниот градоначалник. Според Чура, Рамиз Мерко во моментов има направено долг на општината во износ од 2 милиони евра. На денешната прес конференција тој на маса го извади и документот со кој го аргумњентира долгот на општината кон приватна фирма.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град