Тројца кандидати во трката за директорско место на Јавната научна установа Хидробиолошки завод од Охрид.
Тројца кандидати во трката за директорско место на Јавната научна установа Хидробиолошки завод од Охрид.
Со завршувањето на конкурсот кој траеше до 7-ми април годинава, а по истекот на мандатот на претходната директорка на високата научна установа Ходробиоошки завод Охрид, Сузана Патчева, ТВМ ТелевиизијА неофицијално дознава дека за оваа висока позиција во игра се тројца кандидати. Едниот е Проф.д-р Талевски кој воедно е и раководител на одделот за краповидни риби при Хидробиолошкиот институт, потоа Д-р Елизабета Сарафилоска, вработена во институтот во одделот хемија, како и Д-р Сашо Трајаноски научен советник.
Хидробиолошкиот Институт, основан во 1935 година е јавна владина високо образовна и научно-истражувачка организација од национален интерес која ги покрива истражуваните субјекти на лимнологијата, како природните езера (главно) така и вештачките езера и реките. Главната преокупација е лимнологијата на природните езера на Република Македонија (Охридското, Преспанското и Дојранското), со особена нагласеност на Охридското Езеро – најстарото езеро во Европа и најголемото и најдлабоко во Македонија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град