Социјалните пакети за ранливите категории граѓани обезбедени од средства од општинскиот буџет треба да ги доделува Комисијата за родова еднаквост кај мажите и жените бидејќи е нивна иницијатива, забележуваат од оваа комисија. Ставот на Локалната самоуправа, пак, е дека воопшто не е важно кој ќе ги распределува социјалните пакети, се додека тие стигнуваат на адресата каде што се наjпотребни.
Продолжува праксата елиминирање на иницијативи. Општина Охрид три години наназад нема прифатено ниту една иницијатива на Комисијата за родова еднаквост кај мажите и жените, од социјалната сфера. Оваа забелешка ја упати претседателката на Комисијата, Оливија Пирузева Јанева. И годинава во очи на најголемиот христијански празник Велигден, друг се кити со нашите перја, реагира Јанева. Додава дека нивното барање за спроведувње на оваа иницијатива и годинава паднало во вода.
„Добивме одговор од страна на секретарот на општината, дека овие пакети се предвидени во соработка со Црвениот крст да бидат доделени на вакви семејства и дека нашето барање се одбива, а иницијативата се поздравува, бидејќи средствата општински ќе бидат доделени на Црвен крст, а понатаму Црвен крст ќе ги процесуира тие средства и ќе ги подели тие пакети. Средствата се предвидени во буџетот на комисијата, сметаме дека сосема е погрешно средства да се доделуваат на Црвен крст а потоа Црвен крст да ги доделува тие социјални пакети, кога ние сме предвиделе таква активност, имаме средства имаме желба за таа активност и можеме на најдобар начин да ги определиме тие средства за семејства кои се загрозени“ – вели Јанева.
Желбата за себе промоција во спроведување на активностите за доделување на социјални активности кај опозицијата е очигледна. Ваков е ставот на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.
„Буџетот на општина Охрид е еден и единствен. Во рамки на буџетот на општината нема ваш или наш буџет. Нема буџет на комисијата или посебен буџет. Средствата во рамки на тој буџет се обезбедени и општина Охрид традиционално како и секоја година во соработка со Црвениот крст кога доаѓаат вакви големи празници, ние стоиме на ставот дека тоа е најрепрезентативната институција која што е подготвена во моментот да го изврши делењето на тие социјални пакети. Тие луѓе многу внимателно ја работат таа работа, во своите евиденции имаат лица кои што тоа им е потребно и навистина како Локална самоуправа црвсто стоиме зад работата на Црвен крст“
Спасески смета дека воопшто не е важно кој ќе го направи делењето на пакетите за ранливата категорија на граѓани, важно е луѓето кои навистина имаат потреба од тоа да стигне во нивни раце.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град