Првпат во својата историја кошаркарите на Амак СП успеаја да го освојат Купот на Македонија.
Во финалето кое вечерва се одигра во Охрид, Амак го победи Пелистер со 77:60. Првото полувреме помина изедначено со наизменично водство на двете екипи, а од почетокот на второто полувреме Амак ја превзеде иницијативата и стигна до победата.
За најкорисен играч е прогласен Ефтим Богоев, капитенот на охриѓаните кој го прими победничкиот пехар. Амак СП се седмата екипа која го освоила Купот на Македонија во кошарка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град