Завод и музеј реагира на вчера презентираниот нацрт- ДУП за 1 УЕ

Донесувањето на овој план е најголемата катастрофа која може да му се случи на Охрид- вели директорот Тања Бунташеска- Паскали.

 |  Тања Кувенџиска  | 
plan
план

Бурни реакции од Завод и музеј по вчерашната Јавна презентација на нацрт ДУП за дел од прва УЕ.
Овој план е еден од ретките во кој нашите смерници не се почитувани и не се вградени, вели директорот Тања Бунташеска- Паскали. Како институција бевме вклучени во изготвувањето на планот и ги изработивме Заштитно-  конзерваторските основи. На средбите со колегите од Полог Проект- Гостивар, фирмата изработувач на планот, и раководителот на Секторот за урбанизам, Бранко Арнаудоски, инсистиравме делови од планот да се корегираат. И покрај ветувањата дека ќе ги отстрани недостатоците пред планот да се достави на јавен увид,  планерот тоа не го направи, вели Паскали. До колку се донесе ваков каков што е испланиран со сигурност ви тврдам дека Охрид ќе биде избришан од листата на УНЕСКО, додава директорот на Завод и музеј.

Tanja PaskaliПрвиот човек на Секторот за урбанизам, Бранко Арнаудоски вели- добро е што од Завод и музеј реагираат сега кога забелешките може да се земат во предвид во доизготвувањето на планот. При тоа не даде конкретен одговор- како е можно тие да се бројни после сите заеднички состаноци на кои ставовите на Секторот за урбанизам и Завод и музеј биле изедначени.   

Се обидовме телефонски да стапиме во контакт со проектантското биро Полог- Проект од Гостивар, но во тоа не успеавме поради слободните денови од викендот.  

Инаку, станува збор за нацрт ДУП со површина од 42, 70 хектари и ги опфаќа улиците: Илинденска,Кирил и Методиј, Абас Емин, Туристичка, Пирин Планина, дел од Васил стефоски, реката Грашница и Охридско езеро. Јавната анкета која е во тек завршува на 20 март.

 

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top