Завршено е нумерирањето на уличното осветлување

На подрачјето на општина Охрид завршено е поставувањето на налепници.

 |  Валентина Нелоска  | 
sijalica
сијалица

Со нив се нумерираат сијаличните места во градот и селските населби. Поголемиот дел од граѓаните не се запознати зошто ќе служи овој начин на евиденција. Никола Манески портпарол на локланаат самоуправа  вели со оваа евиденција брзо и ефикасно ќе се отстрануваат дефектите. Граѓаните ќе можат со телефонско јавување да го  посочат  бројот на налепницата на сијаличното  место кое не е во функција за да биде евидентирано и навремено отстранет дефектот.

sijalicaСтручните  служби од локалната самоуправа со оваа постапка евидентирале   7000 сијалични места. Според нивната проценка на градот и селата  им се потребни околу 10.000 налепници. Сепак  останатите  3000 ќе бидат поставени  на новите сијалични места. Од локалната самоуправа со оваа постапка сметаат дека покрај ефикасноста  во одржувањето на осветлувањето ќе има и заштеда на пари.

Годинава, за одржување на уличното осветлување во општинската каса  се  издвоени 3,5 милиони денари или 500.000 денари повеќе од лани. За поставување пак на ново осветлување во градот и селските населбни се предвидени околу 22 милиони денари.

 

 

 

 
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top