Високи претсваници на локалните самоуправи на Риека и Охрид, денс се сретнаа во општина Охрид.
Високи претсваници на локалните самоуправи на Риека и Охрид, денс се сретнаа во општина Охрид.
Разговараа за состојбата на Хрватското Малцинство во Р Македонија но и за функционирањето на локланата самоуправа во Македонија.
Претставници од општина Риека заедно со Македонското здружение од овој Хрватски град, денеска беа во посета на општина Охрид. „Причината за нашата посета е Македонците да ги запознеме со тоа како Хрватска го има решено прашањето со националните заедници, рече шефот на кабинетот на градоначалникот на Риека, Ксенија Линич.
Линиќ како дополнителен податок кажа дека во едно училиште во Риека воведена е настава на Македонски јазик.„Она за што можеме да помогнеме е нашиот процес на децентрализација кој не беше ни лесен ни едноставен. Гледам Македонија е на почетокот во однос на нас и можеби е добро да ги искористиме тие компаративни предности, затоа што добро е да се учи на туѓи, а не на сопсствени грешки“, рече Линиќ.
Претседателот на советот на Македонското здружение од Риека, Михајло Давчески, на средбата рече:„Ние Македонците во Риека, сме потполно интегрирани во Хрватската држава. Градот Риека ни додели простор, потполно опремен со целокупна опреме за нормална работа на една канцеларија, рече Давчески.
На денешната средба градоначалникот Александар Петрески, гостите ги запозна со ситуацијата во Македонија со централизацијата и децентрализацијата. Исто така им зборуваше и за историјатот на Охрид и специфичностите на Охридското езерто. „Со претседателот на Хрватска се имам сретнато многупати, а преку него стекнав познанство и со Горан Шрок кој има преку 10 тина хотели во Хрватска, рече грдоначалникот Петрески.
Денешната посета на локалната самоуправа на градот Риека беше со цел гостите да се запознаат состојбата на Хрватското Малцинство во Р македонија но и за функционирањето на локланата самоуправа во македонија, посебно во односот на локлната самоупрва према нацоналните малцинства, рече Претседателот на советот на лиллната самоуправа Владо Чингоски.
Гостите од разговорите увидоа дека ние не сме многу рамноправни со Хрватска за влагување во ЕУ барем за ова прашање околу децентрализацијата .Мислам дека ќе се направат напори Храватските искуства да се пренесат и кај нас , рече Чингоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град