Проблемите во ЈП. Комуналец предмет на прес конференцијата свикана од страна на кандидатите за членови на оштинскиот совет од независната советничка листа предводена од Владо Цветкоски.Tие за промена, нудат конкретно решение.

Владо Цветкоски носител на листата на кандидати за советничката група со реден број 13, денеска одржа прес конференција во врска со проблемите во Ј.П Комуналец. Понудија конкретно решение. Имено, според нив итно е потребна реорганизација на Претпријатието и негова поделба во три јавни претпријатиа.
Првото претпријатие кое ќе се организира и уредува јавната чистота. Второто, ќе се занимава со уредување и организација на парковите и јавните површини, додека третото ќе се занимава со користење на пазарите и јавните паркинг простори. Според Цветкоски ваквата реорганизација ќе вроди со плод.
Што се однесува до начинот на финансирање на овие три сестрински претпријатија, дел од финансиите ќе бидат на терет на Локалната самоуправа, и граѓаните преку сметките за подигање на сметот. Исто така голем дел од фнансиските средства би се добиле од буџетот, како и наплатата за користење на услугите кои би ги нуделе овие јавни претпријатија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град