Сметот ќе се крева

Кандидатите за градоначалници на покана на директорот на ЈП.Комуналец Охрид се собраа да се информираат  за состојбата во која се најде ова јавно претпријатие.

 |  Лионела Јаковлева  | 
kontejner
контејнер

Кандидатите за градоначалници на покана на директорот на ЈП.Комуналец Охрид се собраа да се информираат  за состојбата во која се најде ова јавно претпријатие.

Директорот на ЈП „Комуналец“ ги свика кандидатите за градоначалник на Охрид на работен состанок поради нарушените состојби во ова јавно претпријатие . Причината за ваквата состојба, Павлоски  ја бара во  изборната кампања, која според него многу негативно се одрази врз нормалното работење на оваа фирма.

Средбата на градоначалничките кандидати доаѓа по ескалирањето на настаните во јавното комунално претпријатие каде поголем дел од вработените штрајкуваа заради неисплатени плати. Во изминатите  три дена револтираните работници  не го подигаа сметот од охридските улици. На средбата присуствуваа кандидатите за градоначалници и тоа Васви Доко, Томе Гиноски, Александар Петрески.

kontejneriКандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО НП, Томе Гиноски изјави за новинарите дека не е добро јавните претпријатија да се инволвираат во предизборните политички игри, дека тие работат за доброто на сите граѓани и дека тој ја подржува иницијативата за надминување на проблемите во ова јавно претпријатие.

Васви Доко, кандидатот за градоначалник од Нова демократија за ТВм изјави дека, за него најважно е градот да биде чист, а дека не е запознаен со проблемите со кои се соочува ова јавно прептпријатие. Тој додаде дека ја  подржува иницијативата за решавање на проблемите во Комуналец. И актуелниот градоначалник Александар Петрески со свое мислење за кризата во ова прептпријатие.

Павлоски изјави дека денес, на добра воља на вработените ќе се подигне сметот и задачите ќе се извршуваат со зацртаното темпо. Ова доаѓа како резултат на тоа што денес  се очекува и фамозното судско решение, по што ќе можат да се исплатат и заостанатите плати за вработените.

 

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top